Димитров во Париз по поддршка за првата меѓувладина конференција со ЕУ

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, денеска и утре престојува во работна посета на Франција во, како што нагласуваат од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), исклучително важен момент за Северна Македонија во пресрет на дефинирањето на Преговарачката рамка која треба да ги инкорпорира елементите што произлегуваат од новата методологија за пристапни преговори, иницирана токму од Париз.

За време на посетата на Париз, прва по формирањето на новата Влада, предвидени се средби на Димитров со државниот секретар за европски прашања во Министерството за Европа и надворешни работи Клеман Бон, претседателот на Комисијата за европски прашања во Сенатот на Франција Жан-Франсуа Рапен, со Изабел Думон, дипломатски советник за Континентална Европа и Турција во Kабинетот на претседателот Макрон, со Каролин Вино, заменик на генералниот секетар за европски прашања при Владата на Франција и со Лилиана Танги, пратеничка во Националното собрание.

-Во фокусот на разговорите ќе бидат француската поддршка во оваа клучна фаза од нашите евроинтеграции – одржувањето на првата Меѓувладина конференција со ЕУ до крајот на годинава; динамиката на усвојувањето на Преговарачката рамка, а ќе се разговара и за напредокот на Северна Македонија нотиран во Извештајот на Европската комисија, како и за клучните приоритети од ЕУ – агендата на кои што Владата ќе биде фокусирана во следниот период, наведуваат од СЕП.

Би можело да ве интересира

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија