Димитров во официјална посета на Република Естонија- актуелeн претседавач со Советот на ЕУ

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, ја започна регионалната турнеја на балтичките земји со официјална посета на Република Естонија – актуелeн претседавач со Советот на ЕУ.

На средбата со министерот за надворeшни работи на Република Естонија Свен Миксер, министерот Димитров ги потенцираше конкретните мерки преземени од страна на Владата во насока на исполнување на сите неопходни критериуми за почеток на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ и за зачленување во НАТО. Нагласувајќи ја важностa oд ЕУ и НАТО интеграцијата, како и нејзината поврзаност со внатрешните реформи, Министерот Димитров додаде: „пукнатините на неизвесност мора да бидат пополнети со кредибилна и динамична европска перспектива. Затоа мора да напредуваме кон европската иднина поучени од грешките од минатото”. Тој потцрта дека резултатите на локалните избори во Македонија се истовремено и потврда и дополнителна одговорност за да се реализира реформската и европската агенда на Владата.

„Ќе направиме се’ што можеме за да добиеме позитивна препорака од ЕК и политичка одлука за почеток на преговорите во јуни идната година”.

Министерот Миксер нагласи дека Естониjа како актуелен претседавач со Советот на ЕУ, oстанува посветен поддржувач на процесот на проширување на ЕУ. Притоа, поздравувајќи ја реформската политика на Владата, Mинистерот ја реафирмираше цврстата поддршка на Естонија за напорите на Република Македонија за зачленување во ЕУ и НАТО. Во тој контекст, тој истакна дека „процесот на проширување треба да биде заснован на критериуми, заслуги и мора да биде фер. Перцепцијата за позитивна динамика на проширување може да служи како поттик на домашните реформи.”

Двајцата министри се осврнаа и на можностите за поконкретна соработка за исполнување на критериумите за членство во ЕУ. Притоа, eстонскиот MНР ја потенцираше подготвеноста на Република Естонија да ja сподели своjaта експертиза од областа на ИТ технологијата и дигиталната администрација, како земја предводник во овие сфери.

Во рамките на посетата на Талин министерот Димитров оствари средба и со членовите на Комисијата за надворешни работи во Парламентот на Естонија, на која беше нагласенa улогата на ЕУ во зајакнување на стабилноста и просперитетот на еден цел регион, за што пример е токму балтичкиот регион. Во разговорите меѓу другото беше реафирмирана и подготвеноста зa поинтензивна соработка меѓу парламентите на двете држави.

Mинистерот Димитров одржа и предавање на тема „Република Македонија до ЕУ и НАТО преку нова реформска политика“, во организација на реномираниот „Естонски Институт за Надворешна Политика“ и даде интервју за дневниот весник „Paevaleht“.

Балтичката турнеја продолжува со работни посети на Република Латвија во среда и четврток и Република Литванија во петок.

Би можело да ве интересира

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он

Русија распиша потерница за естонската премиерка

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

Орце Костов

Естонија ја обвини Русија дека го поттикнува приливот на мигранти

Горан Наумовски

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија

А1он