Димитров: Важно е Грција да го препознае новиот момент во Македонија и да го поддржи

Од:

Важно е да воспоставиме отворена релација, да видиме што е најважно за Грција и да го објасниме тоа што е најважно за Македонија. Важно е и за Грција да го препознае новиот момент во Македонија и да го поддржи, истакна денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров во одговор на новинарско прашање за очекувањата од утрешната посета на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на Скопје.

– Убеден сум дека со упорност и отвореност, со пораката дека и за Грција е важно Македонија да успее и има стабилен и просперитетен сосед. Грција е постара демократија од нашата, член е на ЕУ и НАТО и има многу важна геостратешка позиција регионот. Мислам дека може да игра важна улога во зацврстување и буткањето на целиот регион на Балканот. Важно е и за Грција да го препознае новиот момент во Македонија и да го поддржи, изјави Димитров на маргините на конференцијата „Македонија кон целосно членство во НАТО“ што се одржува во Скопје.

Главна тема на разговорите со Коѕијас се очекува да бидат можностите за проширување на мерките за градење доверба.

– Довербата е првиот чекор кон пријателство и тоа е многу важна работа. Имаме досега најголема делегација од 15 претставници што денеска се враќа од Атина, а целта е да се прошират мерките за градење доверба во повеќе области и да се направат пореални и да се имплементираат, рече Димитров.

Посочи дека се направени два клучни чекора што не се директно поврзани со разликата околу името, но го отсликуваат духот и новата надворешна политика на Македонија.

– Успеавме да затвориме едно отворено прашање со соседна Бугарија и да ја претвориме од пречка во поддржувач на иднината на Република Македонија. Второ, повлековме една сериозна линија на корективни мерки согласно времената спогодба. Ова министерство и Влада ги земаат сериозно преземените обврски, го земаат сериозно Уставот на Македонија и ќе бидеме многу принципиелни и цврсти во контекст на излетот што ни се случи во Канада. Тоа само ќе ни ги зајакне позициите и во однос на утрешната средба и генерално во однос на Грција, изјави Димитров.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија