Димитров утре во Брдо кај Крањ на состанок на министрите за надвборешни работи

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи во рамките на состанокот на лидерите од Процесот „Брдо Бриони” што се одржува утре во Брдо кај Крањ, Словенија.

Делегацијата на Република Македонија на настанот ја предводи претседателот Ѓорге Иванов, а покрај претседателите и министрите на надворешни работи на државите учеснички во Процесот, учество ќе земат и останати високи претставници од Европската унија.

Како што соопшти МНР, овогодишен специјален гостин на состанокот ќе биде федералниот претседател на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмаер.

На состанокот, како што се наведува, ќе се дискутираат теми поврзани со процесот на проширување на ЕУ и европските перспективи на регионот.

Министерот Димитров, соопшти МНР, ќе оствари повеќе билатерални средби за време на состанокот.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија