(ВИДЕО) Димитров: Сите ја сакаме татковината и сакаме да го зачуваме идентитетот

Од:

Предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името e пред Комисијата за европски прашања, каде расправата се одвива без присуство на опозицијата.

Во своето излагање, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, истакна дека ако сакаме да направиме се што можеме за да го фатиме европскиот воз, потребно е на време да ја информираме Грција за да го извести советот на ЕУ дека ги повлекува забелешките.

„Земја кандидат сме од 2005, станавме експерти во чекање. Могерини и Хан присуствуваа на потпишувањето зошто очигледно ја отклучуваме таа врата. Лично сум вклучен во прашањето од 2003 година. Додека бев амбасадор во САД, бев ангажиран да бидеме признаени под уставно име. Ова е мој трет најголем предизвик, да бидам дел од Влада која во очи му погледна на проблемот“, рече Димитров во обраќањето пред комисијата.

Министерот додаде дека сите се патриоти, и оние кои се согласуваат со договорот и оние против него.

„Да прифатиме дека сите ја сакаме татковината и сакаме да го зачуваме идентитетот“, рече Димитров, кој додаде дека не сме доволно свесни за одговорноста за неносење одлуки.

„Чувме дека во минатото можеше да има и подобри решенија. Но должност е на тие што ја водат земјата да видат дали може да чекаме уште пет години. Одговорноста од пропуштање на шансата е преголема“, предупреди министерот.

На комисијата се присутни повеќе амбасадори меѓу кои холандскиот, албанскиот и косовскиот, како и Луиза Винтон, координаторка на ОН и постојан претставник на УНДП во Македонија.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски