Димитров: Ширењето на соработката, помошта и информациите треба да биде побрзо од ширењето на пандемијата

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес ја претставуваше Република Северна Македонија за првпат како полноправна членка на НАТО, на состанокот на Северно-атлантскиот совет во формат на министри за надворешни работи. Состанокот, заради рестрикциите со пандемијата COVID-19, се одржа преку видео конференција.

Тој изрази благодарност до земјите членки за финализирањето на процесот на пристапување, овозможувајќи и’ на нашата земја по две-децениски подготовки, минатата недела и официјално да стане 30-та членка на Алијансата.

Притоа, Димитров го истакна значењето на членството на Република Северна Македонија во НАТО како заеднички успех во заложбите за регионалната и европската стабилност и заедничкото справување со глобалните предизвици.

„Ова не е само наш успех. Ова е успех и за сите наши партнери во евро-атлантската заедница чии вредности се демократијата, човековите права и владеењето на правото низ единство и солидарност. Ширењето на соработката, помошта и информациите треба да биде побрзо од ширењето на пандемијата“, истакна Димитров.

Осврнувајќи се на главната тема на состанокот – пандемијата на вирусот COVID-19, министерот Димитров ги истакна мерките на Владата за справување со овој глобален предизвик, при што ја подвлече потребата од придонес на Алијансата по ова прашање во засегнатите земји членки. Потенцирајќи го принципот на солидарност врз кој се темели НАТО, заедничка беше констатацијата на министрите за потребата од преземање на итна и координирана акција за справување со кризата и ублажување на нејзините последици.

На состанокот беа разледани и прашања во врска со Авганистан, пошироката област на Блискиот Исток и Северна Африка, како и за состојбите во Сирија. Притоа, министерот Димитров ја реафирмираше подготвеноста на нашата земја за натамошен придонес во приоритетните активности на НАТО.

Би можело да ве интересира

Путин издаде наредба: „Уништете го НАТО“

Предраг Петровиќ

Дрон влезе во воздужниот простор на Летонија, го соборија авиони на НАТО

Катерина Ѓуровски

Путин: НАТО го зголемува своето присуство во Пацификот, се зголемува потенцијалот за конфликт

Нинисто: Русија нема да го нападне НАТО

Кинески шпионски софтвер се шири низ целиот свет: Ги следи рутерите на НАТО

Горан Наумовски

Американските разузнавачи: Путин би можел да го нападне НАТО