Димитров се сретна со претставници од Фондацијата Конрад Аденауер

Од:

Денес, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров оствари средба со делегација на високи претставници од Фондацијата Конрад Аденауер, која престојува во Скопје во периодот од 28 до 31 мај 2018 година, како организатор на Регионалната конференција за Југоисточна Европа/Западен Балкан „Balkan Calling Europe”.

Дискусиите на средбата беа фокусирани на интеграцијата на Западен Балкан во Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) на ЕУ и учеството на Македонија во оваа област.

Министерот ја истакна важноста на интеграцијата и придонесот на Балканот во ЗНБП на ЕУ, како клучно прашање во заедничката борба против денешните безбедносни закани и поддршката на позициите на Унијата во нејзината надворешна политика. Исто така, ги информира присутните за активното учество на Македонија во оваа област, пред се со придружувањето на нашата земја кон декларациите на ЕУ во однос на различни меѓународни прашања, како и со учеството во мисиите предводени од ЕУ во рамките на нејзината Заедничка безбедносна и одбранбена политика (ЗБОП).

„Кон декларациите и ставовите на ЕУ не се придружуваме само затоа што имаме европски аспирации. Пред се, тоа го правиме затоа што веруваме во европските вредности, во мултилатерализмот и во меѓународниот правен поредок и цивилизациски достигнувања. Во време кога меѓународниот систем се соочува со предизвици, наша должност е да имаме јасен став“, рече Димитров.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија