Димитров се сретна со Дезир, преставник на ОБСЕ за слобода на медиумите

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров се сретна со претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите (ПСМ), Арлем Дезир.

Министерот Димитров изрази задоволство од континуираната соработка со институцијата на ПСМ на ОБСЕ и ја изрази подготвеноста на Република Македонија да ја продолжи ваквата соработка.

Тој исто така искажа благодарност за поддршката и експертизата на ПСМ и неговата Канцеларија во процесот на изработка на текстот на законските измени во областа на аудио и аудио-визуелни медиумски услуги. Ја нагласи важноста од мерките кои се преземаат од Владата за ослободување на медиумите од политички и институционални влијанија, притисоци, како и финансиската зависност, соопшти МНР.

Двајцата соговорници разменија мислења за подобрување на состојбите во сферата на медиумските слободи, справувањето со феноменот на лажни вести и справувањето со говорот на омраза.

Дезир ја реафирмира подготвеноста на неговата Канцеларија да продолжи со поддршката на реформските процеси во областа на медиумите во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија