(ВИДЕО) Димитров: Не може да сме сојузници со Грција ако се клоцаме и обвинуваме

Од:

Во рамки на панелот насловен „Западен Балкан владеен од правото” како дел од Конференцијата на парламентарните комисии за европски прашања на државите опфатени со Процесот за стабилизација и асоцијација од Југоисточна Европа, се обрати министерот за надовршени работи Никола Димиторв, кој се осврна на важноста на воспоставувањето на владеењето на правото во Република Македонија и придобивките од тој процес.

„Ние сакаме да го искористиме пристапниот процес во ЕУ за да развиеме вистинска европска демократија, заснована на владеење на правото. За да успее овој процес, сите чинители во власта треба да го преземат својот дел од одговорноста” – истакна министерот Димитров.

Министерот Димитров, зборуваше за билатералните спорови во регионот, за кои рече дека мора да се соочиме со самодоверба и со исправена глава.

„Мораме да отвoраме врати и градење мостови и мене ми е исклучително задоволство што успеавме со Бугарија да го потпишеме Договорот за добрососедство. Нашиот следен предизвик се односите со Грција и спорот со името. Правно Грција нема никакво право да не блокира. Но, имаме политички проблем, а бидејќи сакаме да станеме сојузници со Грција, а не можеме да бидеме сојузници ако се клоцаме и обвинуваме“, рече Димитров.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија