Димитров: Расчистување и правда и за „Рекет“, но и за сите криминали во снимките и вон снимките

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров порача дека расчистувањето на случајот „Рекет“ мора да биде дополнителен мотив во борбата за правда, оценувајќи го како крстосница на која треба да се одбере патот кој води кон иднината, патот на одговорноста.

-Тоа што криминалот сака да го дискредитира својот гонител не треба да не чуди. Зачудува до бес што некој изгледа дозволил жедта за правда да биде искористена за да се згасне жедта за пари. Можното соучесништво на обвинител од оваа институција во трговијата со одговорноста, максимално ја зголемува потребата од целосно и одлучно расчистување со сите валканици што излегоа на виделина, кон кого и да водат. Иако целата приказна згрозува до апатија, ако тој кој требало да го гони криминалот, се ставил на страната на криминалците, тоа мора да биде само дополнителен мотив во борбата за правда, а не дигање раце. Расчистување и правда и за „Рекет“, но и за сите криминали во снимките и вон снимките. „Рекет“ всушност е крстосница. Едниот пат води кон иднина, другиот пат кон бездна. Можеби дојде време да се преброиме, пишува Димитров на неговиот „Фејсбук“ профил.

Според него, продолжувањето по патот на одговорноста за сите е највисок државен интерес, а влогот не може да биде поголем.

-Да се биде патриот значи да се биде борец за правда. Особено денес, наведува Димитров.

Тој посочува дека ниту имал средба, ниту фотографија, а уште помалку меморандум со Боки 13, што според него, покажува дека имал правилно претчувство.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

Димитров: Употребата на терминот „северномакедонци“ е навреда за Македонците

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Димитров: Ние Бугари нема да станеме, ама нема ни во ЕУ да се зачлениме

Горан Наумовски