Димитров: Најважната битка е на чесните против нечесните

Од:

Носителот на листата на ИЕ1 од СДСМ Никола Димитров, вчера вечер на граѓанската трибина во општината Аеродром зборуваше за правдата која коалицијата „Можеме“ ќе ја спроведува во својот мандат, а не, како што посочи, онаа на ВМРО-ДПМНЕ.

– Правда не е да ги казниме само едните, како што тоа го прават ДПМНЕ. Правда е како да се однесуваме и кон самите себе.Следната битка на чесните против нечесните, која што е почната, е најважната битка за нашата иднина и за нашите деца, независно од каде доаѓаат нечесните. Дали може да ја замислите дрскоста да излезете пред народот да се кандидирате за пратеник, а да не може да ве најде дома поштар да ви даде покана за суд? Со кој образ ги изговарате буквите „правда“, истакна Димитров.

Порача дека 15 јули е шанса да се стави конечна точка на лошата и да се заврши со кризата на неодговорност што почна 2015, 2016 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО