Димитров на работен ручек со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и земјите кандидати

Од:

Во организација на министерот за надворешни работи на Естонија С. Миксер, во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денеска во Брисел, учествуваше на работен ручек со министрите за европски прашања на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ.

Дискусиите на работниот ручек беа фокусирани на перспективите на земјите од Западен Балкан на патот на интеграцијата во ЕУ, во пресрет на очекуваниот развој на настани во рамките на Унијата за време на првото полугодие на 2018г.: објавувањето на Стратегијата на претседателот на ЕК Јункер за проширувањето на ЕУ (февруари 2018); извештаите на ЕК за напредокот на земјите (април 2018) и самитот ЕУ – З. Балкан во Софија за време на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ, во мај 2018 година.

Димитров ги запозна министрите на земјите-членки со постигнувањата на Македонија во имплементацијата на внатрешните реформи и унапредувањето на добрососедските, како и со плановите на Владата и очекувањата во наредниот период. Ја истакнаа потребата за поддршка на Македонија од страна на земјите-членки за постигнување на долгоочекуваната цел, што поскоро отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.

„Имаме голема шанса за голем успех, истакна министерот Димитров“. Од земјите членки беше добиено охрабрување да се продолжи со решителност и одлучност на патот на ЕУ.

За време на престојот во Брисел, МНР Димитров одржа и брифинг за претставниците на Работната група на Советот на ЕУ надлежна за регионот на З. Балкан (COWEB) и Работната група надлежна за проширувањето и земјите кои се во преговарачки процес за членство во ЕУ (COELA). Присутните на состанокот беа информирани за најновиот развој на настани во имплементацијата на внатрешните реформи во земјава.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија