Димитров на Минхенската безбедносна конференција: Не смее да се пропушти моментумот во политичките текови

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров ги започна активностите на Минхенската безбедносна конференција која се одржува во периодот од 16 до 18 февруари 2018 година.

На првиот ден од Конференцијата оствари повеќе средби за афирмација на реформската агенда и стратешките приоритети. На заедничката средба со Заменик претседател на Владата на Република Македонија и Министер за Одбрана, Радмила Шекеринска и со еврокомесарот Јоханес Хан, се разговараше за важноста од мериторен и кредибилен процес на проширување, со што ќе се реализира заедничкиот европски интерес за брза интеграција на Република Македонија и регионот.

На средбата со Претседателот на Генералното собрание на ООН Мирослав Лајчак беа разменети мислења за актуелниот регионален контекст и политичките динамики. Соговорниците се согласија дека новосоздадениот моментум во политичките текови во Република Македонија не смее да се пропушти.

Би можело да ве интересира

Тревога во Германија: Аеродромот во Минхен итно затворен поради дронови

Октоберфест е затворен од полицијата

Експлозии и пукање во Минхен, пронајдени се неколку жртви

Горан Наумовски

Хорор во Минхен: Жена избоде неколку луѓе, полицијата ја застрела

Предраг Петровиќ

Авганистанецот призна дека намерно удри во толпата во Минхен

Шок во Минхен поради говорот на американскиот потпретседател