Димитров на 12. традиционален Дубровник форум

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Дубровник ќе учествува на 12. традиционален Дубровник форум под наслов „Јадранско-медитеранската соработка и безбедноста во Југоисточна Европа”.

Како и во претходните години и оваа година Форумот, информираат од македонското МНР, ќе биде посветен на актуелните теми во Регионот, решавање на заедничките предизвици за безбедноста и стабилноста во Јадранско – медитеранската област, можности за развој на бизнис во источниот Медитеран.

Во фокусот на дискусиите на Форумот ќе биде и меѓузависноста на состојбите на Блискиот Исток, Северна Африка и Европа, како и мобилноста и образованието на младите.

Би можело да ве интересира

Во Загреб пронајдени распаднати човечки останки, припаѓаат на поранешен хрватски ММА борец

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

40 години затвор за убиецот на младиот доставувач на храна во Хрватска

Катерина Ѓуровски

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он

Дигиталната забава бара повеќе од добар дизајн: Како возрасните ја избираат вистинската онлајн платформа

Опасниот отпад ја ниша хрватската влада