Димитров: Македонскиот пат кон ЕУ е посебно тежок, можеби најтежок

Од:

Македонскиот пат кон ЕУ е посебно тежок, за жал, можеби и најтежок. Почнавме меѓу првите и Договорот за стабилизација и асоцијација го потпишавме пред Хрватска која веќе осум години е членка на Унијата, а ние не можеме да го почнеме процесот, уште сме пред вратата, чукаме на вратата, нагласува вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

– Првиот добар извештај стигна во 2009 година. Значи ние имаме над 10 добри извештаи коишто не се доволни за акција. Ние имаме сосем споредливи резултати и со Србија и со Црна Гора – земји коишто се во процесот веќе со години, и во првиот кластер темели и во вториот кластер и во третиот кластер и во четвртиот,… Меѓутоа тоа што нема акција на некој начин ја намалува тежината на овие извештаи и во извештајот во пакетот на проширување дури и самата Комисија го констатира, вели Димитров во интервју за Еуроњуз Србија, во одговор за коментар за последниот позитивен извештај што го доби земјава од ЕК.

Нагласува дека Бугарија со својата политика и ветото на некој начин го компромитира македонско-бугарското пријателство, а става вето и на ЕУ кон регионот од коишто се дел.

-Ние практично го решивме прашањето со Бугарија и потпишавме Договор за пријателство прво со Бугарија, за да се свртиме понатаму кон Грција да го решиме големиот проблем. Членот 2 од тој Договор вели дека Бугарија ќе ни помага по патот кон ЕУ. Како и да го толкуваме зборот „помага“, сигурно не значи блокирање и вето, и на некој начин со оваа политика Бугарија го прекршува Договорот што го склучивме за добрососедство, пријателство и соработка, и од аспект на помош на европскиот пат и од аспект на немешање во внатрешни работи, бидејќи македонскиот идентитет, македонскиот јазик е наша работа. Тоа не е прашање за трета држава, потенцира Димитров.

За односите со Србија вели дека мисли оти се пријателски.

-Ние и со Србија имаме заедничко минато, бевме дел од бившата федерација. И со Србија сакаме да имаме заедничка иднина во смисла на ЕУ, заедничка европска иднина. Точно е дека имаше одредени извесни проблеми иако јас никогаш не разбрав до крај кој е вистинскиот проблем. На почетокот, зборуваме за 2017/18 година бидејќи ние немаме реални недоразбирања меѓу двете земји, посочи Димитров и нагласи дека сега има многу поголемо разбирање, има почести средби, посети.

На прашањето дали премиерот Зоран Заев ќе се повлече доколку опоцицијата победни на локалните избори во Скопје, Димитров нагласува дека локалните избори треба по дефиниција да бидат за локални теми, меѓутоа, додава, факт е дека и перцепциите за централната власт влијаат врз локалните избори.

-Да видиме што ќе се случи. Обично е неблагодарно да се прогнозира, имаме во недела избори. Јас имам една специфична ситуација бидејќи не сум во партија, а зборуваме за локални избори. Мојата лична мисија и кауза и улогата во политиката е стратешкиот курс којшто ние го почнавме во раните 90-ти – да влеземе во НАТО, што за нас значи столбовите и покривот на куќата и да влеземе во ЕУ за да го средиме домот внатре, потенцира Димитров.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески