Димитров: Македонија се надева дека направи доволно да ја убеди ЕУ да почне пристапни преговори

Од:

Македонија се надева дека направила доволно да ја убеди ЕУ да почне пристапни преговори во момент кога веќе 25 години продолжува спорот со Грција, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.

Во изјава за Ројтерс, тој вели дека Грција не го прифатила веднаш минатомесечниот предлогот на Македонија, таа држава да го употребува името Поранешна Југословенска Република Македонија во другите меѓународни тела.

– Доколку оствариме доволно во смисла на реформи дома, се надеваме дека ќе го достигнеме стадиумот за преговори за членство во ЕУ, и истовремено ќе постигнеме договор за прашањето за името, изјави Димитров.

Според него, до членство во НАТО треба да се стигне со преговори. Димитров вели дека е потребно „Атина да ја види Македонија како сојузник…На долг рок тоа е и во интерес на Грција да има сосед држава во која владејат закони, изјави Димитров

Би можело да ве интересира

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски

МНР реагира за Михаилова: Владеењето на правото не смее да биде селективно

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ