Димитров: Македонија мора да расчисти со југословенското минато, ако сака да оди напред

Од:

Ангел Димитров од македонско-бугарската комисија која ги води преговорите за надминување на спорните историски моменти на двете држави, порача дека Македонија мора да расчисти со багажот од југословенската историја и да направи нов исчекор во градењето на современа држава која сака да влезе во Европската Унија.

Според него, учебниците биле полни со антибугарски факти, кои се неприфатливи за Бугарија и според него создаваат една слика и шират омраза кон Бугарите како непријателски народ, што според него не е точно.

„Ние историчарите не зависиме од политичарите но, едно е јасно дека вие мора да направите прочистување на ова интерпретација од минатото, да се исчисти онаа дамка од минатото кое се фрла кон бугарскиот народ. Вашите учебници се полни со анти-бугарско расположение. Ние сме научници и стоиме на таа позиција, никој од нас не членува во политичката партија и не се впуштаме во она што го преговараат политичарите. Не сакаме да се впуштиме во таа игра со емоциите на луѓето. Не сум слушнал навреди кон граѓаните на Македонија, вештачки народ, вештачка нација, кој ги говори тие работи? Ние не се занимаваме со тоа. Кога се зборува кај вас за нешто такво, станува збор за нешто друго, премногу емотивно гледање на работите не е во ред. Нештата се многу посложени, бидете поспокојни, не бидете емотивни. Република Северна Македонија уште не направила своја критична самоанализа на своето југословенско минато. Тоа е неопходен чекор, потребна е една нова организација, бидејќи не е природно да влезе во нешто ново со едно минато, со таков багаж“, рече Димитров.

Тој потсети дека беше првиот Амбасадор на Бугарија во независна Македонија и дека со неговото присуство помогнал во еден значителен период за изградба на државата и додаде дека Бугарија била меѓу првите земји која ја признала Македонија како независна држава.

Би можело да ве интересира

Димитров: Приватниот сектор веќе трети месец ја чека мерката за субвенционирање на плати

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски

Димитров: Работници од Индија пристигнаа во млечниот сектор и земјоделството

Горан Наумовски

Бербок: Договорената промена на Уставот да не се користи во натпреварот за популарност или да добивка на изборите

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Законот за здруженија ќе биде проверен од ЕУ во текот на скринингот

Орце Костов