Димитров: Комитите се просрпска група која напаѓа Бугари

Од:

Директор на бугарскиот Национален историски музеј, Божидар Димитров претстојниот натпревар помеѓу националните фудбалски тимови на Бугарија и Република Македонија го нарече како „натпревар од домашната лига на бугарската нација“.

Во изјавата за Новинската агенција Фокус, Димитров изјави дека бугарската нација во моментов е поделено со граница.

Тој и навивачката група – Комити ја опишува како про-српска група која често напаѓа Бугари „кога се собираат да ја одбележат револуционерката Мара Бунева“.

Димитров истакна дека конечниот резултат на натпреварот не е толку важен, бидејќи е пријателски натпревар, но уверен е во победата на Бугарија зашто бугарскиот тим моментално бил далеку посупериорен од македонскииот тим.

Би можело да ве интересира

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Бугарија оди на осми избори за пет години

Катерина Ѓуровски

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија