Министерот за надворешни работи Никола Димитров ја започна кампањата за референдумот насловена „За европска Македонија“ со посета на Тетово и средба со градоналничката Теута Арифи. Според Арифи, токму поголемите, пошироките објаснувања околу референдумот и неговата важност за иднината на Македонија се главна цел на посета на Димитров на Тетово.
– Големото Да од сите граѓани на денот на референдумот апсолутно ќе значат голема перспектива за нашата земја. Тоа ќе ни даде поголема стабилност како земја што ќе стане членка на НАТО и со тоа ќе седне на иста маса со големи и влијателни земји и нашиот галс и нашето влијание ќе ја има истата вредност што мислам дека е многу значајно. Локално или директно со граѓаните процесот со Европската унија апсолутно ќе ни даде многу повеќе проекти што ќе значи многу поквалитетен живот, рече Арифи.
Министерот Димитров посочи дека како надлежен за надворешните работи има други задолженија надвор од државата, но со оваа своја прва теренска активност околу референдумот сака да запознае што повеќе граѓани и сонародници, да ги чуе нивните локални проблеми, да се сретне и со градоначалници, но и да ги објасни сите прашања поврзани со реферндумот на 30 септември.
– На 30 септември имаме состанок со историјата, голема историска крстосница, да ги отвориме вратите за НАТО членство што ја зацврстува нашата државност и безбедност и носи инвестиции, бидејќи Македонија ја прави попредвилва за странскиот фактор. За отворање на вратите за пристапните преговори со ЕУ што ќе ни помогне да бидеме поевропски дома, да има повеќе ред, да има правда, да бидеме поефикасни, да има поголеми плати, изјави Димитров.
При моето денешно утринско кафе со евроамбасадорот Жбогар, додаде, зборувавме за Полска пред и по влегувањето во ЕУ каде приходите се зголемени трипати, а платите двапати, за Словачка со двојно зголемување, Хрватска од девет милијарди извоз во ЕУ сега има 14 милијарди.
– Многу возови пропуштивме закопани во ровот. Изборот е одиме напред во иднината со овие бенефиции што ги споменувам, со самодовреба, со заштитен и афирмиран идентитет и со компромис меѓу нашата Македонија и регионот Македонија во Грција или да одиме назад кон изолација со стравот и во една атмосфера на немоќ дека никој не не сака и дека немаме големи пријатели, појасни Димитров.
Мислам, посочи, дека после толку години и цела изгубена генерација созреавме особено кога видовме како ова прашање било користено како покривка за други нешта што ги слушнавме во 2015 година.
– Мислам дека е време со крената глава, со решен проблем да си го отвориме патот. Должност на нашата генерација е да оставиме попристоен став за следната генерација. После ова нема да ве чуди зошто јас со еден цврст и голем круг ќе заокружам За на 30 септември, рече Димитров.
За немањето ставо од ВМРО-ДПМНЕ за референдумот, министерот Димитров рече дека историскиот момент бара од сите историска одговорност.
– Ако јас и премиерот Заев мислевме на своите лични кариери уште колку ќе биде или како ова ќе се одрази врз мојата или неговата кариера ќе беше многу тешко. Мислевме на државата и тоа од перспектива каде сакаме да бидеме за пет или десет години. Никаков личен, себичен или партиско политички интерес нема во овој процес што сами го отворивме. Никој не ни рече одите или ова направите. Мора да си ги земеме дизгините за нашата иднина и за нашата судбина, бидејќи многу време изгубивме. (ВМРО ДПМНЕ) Нека се борат на економија, нека се борат за некои грешки коишто и ги правиме, бидејќи поправаме но и правиме. Има милион теми каде што може да се борат но на ова прашање не бидејќи партиите и владите се менуваат. Утре тие можеби ќе бидат на власт иако не знам дали тоа ќе биде ако продолжат вака и за ова прашање нека размислат дали сакаат да бидат во Влада назад во ровот со сите ризици што тоа ги носи или во Влада на држава што почнала преговори со ЕУ, што влегла во НАТО и што оди напред и економски и генерално како сме организирани како држава и на локално и на централно ниво. Крупна е одговорноста и не смее да се мисли себично бидејќи народот тоа ќе го прозре. Тие мораат да ги поивикаат луѓето што се нивни симпатизери и челнови да излезат и да гласаат со сопствената совест и сопствената мудрост изјави Димитров.
За гаранциите дека ќе станеме членка на НАТО и ЕУ, Димитров рече дека договорот што го решава проблемот, но и гради партнерство и пријателство со Грција во многу области, водејќи кон стратешко партнерство, е врзан со она што ние сакаме – членството во НАТО и да ги почнеме пристапните преговори за членство во ЕУ.
– За договорот да влезе во сила грчкиот парламент покрај ратификација на спогодбата на истата сесија ќе ги ратификува пристапните протоколи за членство во НАТО. Значи влегувањето во сила е врзано, тоа е заштитен механизам вграден во договорот, со ратификација на пристапните протоколи. Извршувањето на договорот што се однесува за внатрешна употреба е врзано со отвпорање на преговорите за членство во ЕУ, потенцира Димитров.
За можноста реферндумот да не успее, министерот Димитров посочи дека од сите советници за односи со јавност има насоки да не се одговара на хипотетички прашања што почнуваат со ако, што или доколку.
– Немам никаков сомнеж дека мнозинството граѓани ќе излезат и ќе заокружат Да. Секогаш кога Македонија имала крупен историски предизвик или крстосница нашиот народ имал мудрост да оцени што е добро за државата. Така што не знам колку е опортуно и мудро од моја страна да зборувам што ако има обратна состојба. Ние толку време зборуваме за рефернедум за ова прашање и толку време има преговори и процес и сега кога сме дошле до компромис по 25 години од приемот на Македонија во ОН каде од Советот за безбедност добивме обврска да го надминеме ова прашање со нашите соседи, со Грција и после толку време сега околу референдумот имаме дилеми. Референдумот е начин да се добие политички легитимитет а народот, граѓаните да застанат зад оваа одлука заедно. Секогаш ќе има политички пресметки и ќе има превид ако ова прашање не се направи вака, рече Димитров.
За тоа дали ова значи почеток на кампањата за реферндумот Димитров рече дека ова не се избори, туку референдум за едно важно прашање за иднината на државата и сите нас.
– За вакво прашање и четири месеци да им кампања би било добро да се расчистат сите дилеми. Секој граѓанин мора да знае каков е влогот, а ова не е лесно прашање. Јас лично постојано поминувам низ мојата совест во текот на овие месеци и процесот на разговорите и затоа сите прашања треба да се разјаснат, да знаат луѓето за што се работи и кој е влогот, кои се ризиците, иднина или назад, посочи Димитров.
Во однос на условот за уставни промени согласно договорот со Грција за тој да стапи на сила Димитров рече дека ќе стапат на сила само доколку се ратификува спогодбата и од другата страна.
– Овие промени на Уставот ќе бидат согласно одредба од Уставниот закон дека ќе влезат во сила заедно со ратификација на спогодбата од другата страна. Се е врзано. Самиот референдум се споменува како можност во спогодбата, не како правило, туку услов. Меѓутоа услов е успешен уставен процес. Референдумот е потребен да се добие политичка подршка од граѓаните, ветер во грб за да дојдеме до двотретинско мнозинство (во Собранието) што ќе го заземе по ова прашање, а понатаму ќе отиде топката кај другата страна, потенцира Димитров.
Во рамките на денешната посета на Тетово Димитров оствари и средба со жителите на Тетово, како и мини митинг во Ајдучко маало и средба од врата до врата со жителите на месната заедница Мала станица.