Димитров го пречека холандскиот премиер Марк Руте

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска го пречека претседателот на Владата на Кралството Холандија, Марк Руте, по повод неговата прва посета на Македонија.

„Посетата се одвива во светло на добрите билатерални односи меѓу Холандија и Северна Македонија, но и во контекст на заложбата од холандска страна за безусловен почеток на пристапните преговори со Европската Унија што беше афирмирана и на Самитот ЕУ-Западен Балкан одржан во Брдо, Словенија во месец октомври.

Како земја што има стриктен пристап кон објективното вреднување на пристапните критериуми особено во однос на владеењето на правото, поддршката на Холандија што се изразува и преку оваа посета е потврда дека со посветеноста на европската реформска агенда, Северна Македонија е целосно подготвена за отворање на преговорите“, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова и Руте: Македонија е столб на безбедноста на Западен Балкан

Руте во официјална посета на Македонија

А1он

Марк Руте: НАТО нема да учествува во акции против Иран

А1он

Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

А1он

Марк Руте: Внимателно ја следиме ситуацијата на Западен Балкан