Димитров и денеска не реферираше за надворешната политика

Од:

Седницата на собраниската Комисија за надворешна политика, на која министерот за надворешни работи Никола Димитров требаше да реферира за остварувањето на меѓународната политика, е презакажана за 1 август.

Од собраниската прес-служба информираа дека седницата е презакажана поради одредени собраниски обврски поврзани со координацијата на пратеничката група, во врска со најавената пленарна седница за утврдување на референдумското прашање во однос на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција.

Министерот Димитров, кој треба да има излагање за водењето на надворешната политика, не успеа да се обрати пред членовите на Комисијата ниту во средата, ниту во четвртокот, бидејќи претседателот на Комисијата Антонио Милошоски бараше пратениците кои поседуваат безбедносен сертификат да ги добијат класифицираните материјали од две лидерски средби одржани кај претседателот на Република Македонија. Материјалите, рече, се битни за меѓународната политика и за работата на министерот Димитров.

Недоставувањето, според Милошовски, значи дека владејачкото мнозинство нешто сокрива и остава простор за сомнеж.

Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, го предупредија дека на ваков начин со изнесување детали од класифицирани материјали прави кривично дело, како и дека кривично дело е доколку тој имал увид во тие материјали, а нема безбедносен сертификат.

Минитерот Димитров истакна дека е подготвен да разговара на која било тема во кое било време, но оти не е подготвен да биде соочесник или сведок на кривични дела.

– Немам ништо да кријам од целиот процес. Тоа што го кажувам пред вас, го кажувам пред граѓаните, тоа сум го разговарал и со Грција и со нивните претставници, со политичките лидери, со премиерот, претседателот… Објавување информации класификувани како државна тајна можат да направат трајни штетни последици врз државните интереси на РМ. Овој процес уште трае пред нас е референдум, а пред Грција ратификација. Објавување ставови и преговарачки позиции може да му наштети на овој процес, рече Димитров.

Ова што се прави на седницата на Комисијата, посочи, е упад и саботажа која ја доживува како андтидржавен потег,

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија се презакажани за денеска попладне.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали