ВИДЕО: Димитриевски и кандидатите за советници на средби со кумановци

Од:

Кандидатот за градоначалник за Куманово од Коалицијата предводена од СДСМ, Максим Димитриевски, носителот на советничката листа Атина Мургашанска, како и кандидатите за советници, денеска остварија средби со кумановци.

На денешната прес-конференција пред Центарот за култура генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски рече дека со потесното партиско раководство се во Куманово за да им изразат поддршка на Димитријевски и на кандидатите за советничката листа.

– Во Општина Куманово настапуваме со нови сили и ќе ги продолжиме сите оние проекти од кои граѓаните се задоволни, а ќе понудиме и многу новини кои се евидентна потреба на граѓаните на Општина Куманово. Ќе градиме само по план, домаќински, чесно одговорно и квалитетно. Ке овозможиме соодветна инфраструктура, водовод и канализација за сите населени места, ќе ги изедначиме во овој поглед и руралните и градските средини, ќе овозможиме чист воздух за дишење и чиста вода за пиење за сите населени места, затоа што здравјето на граѓаните за нас е најважно, рече Кирацовски.

Додаде дека ќе обезбедат соодветни и еднакви услови за инвестирање за бизнис можности во сите локални самоуправи, вклучително и во Општина Куманово и ќе ги изедначат домашните со странските инвеститори. – Општината ќе продолжи да биде соодветен сервис на граѓаните, да биде отворена за сите наши сограѓани, а ќе се работи чесно и домаќински, изјави Кирацовски.

Тој ги повика граѓаните на Општина Куманово да го поддржат Максим Димитриевски и советничката листа на СДСМ, затоа што, нагласи дека општината заслужува да биде уште поуспешна.

Шефот на општинскиот изборен штаб, на СДСМ во Куманово, Мартин Костовски, ги повика кумановци вечерва во 19 часот да присуствуваат на промоцијата и презентација на кандидатот за градоначалник, за советничката листа, а воедно ќе биде презентирана и програмата.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он