Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, денеска на прес-конференција порача дека партијата нема да учествува на средба со премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека таквиот процес води кон легитимирање на криминал, корупција и изолација на државата.

Според Димитријевиќ, сите политички субјекти кои ќе учествуваат на средба за укинување на техничката влада, стануваат соучесници во, како што рече, анти-ЕУ политики, планови за предвремени избори и нетранспарентни договори поврзани со мигрантски прашања.

Тој обвини дека коалицијата ВМРО-ДПМНЕ–ЗНАМ нема интерес за суштински дијалог и европски реформи, туку бара алиби за распишување предвремени избори, додека во исто време, според него, во државниот буџет недостигаат средства и се зголемува јавниот долг.

Димитријевиќ истакна дека власта инсистира на укинување на техничката влада за да спречи влез на опозицијата во министерствата и увид во начинот на трошење на јавните пари. Како примери ги наведе, како што рече, тендерските постапки во повеќе институции, скандалот со ИПАРД 3 програмата и злоупотребата на европски средства, како и состојбите во Министерството за земјоделство.

Дополнително, СДСМ обвини за целосна партизација и злоупотреба на полицијата, притисоци врз правосудството и носење законски измени кои, според партијата, служат за заштита на актуелни функционери.

Како посебен проблем беше посочен и масовниот видео-надзор со, како што рече, околу 65 илјади камери, за кој, според СДСМ, не постојат соодветни контролни механизми и заштита од злоупотреби.

„Техничката влада мора да остане, затоа што таа е единствениот обид да се обезбедат минимални услови за фер и демократски избори“, изјави Димитријевиќ, додавајќи дека СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми за заштита на изборниот процес и слободната волја на граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски