Димитриевски во Вевчани: Во Македонија мора да има слободни и фер избори

Од:

Денеска, членот нa Извршниот одбор и претседател на Комисијата за одбрана на СДСМ, Максим Димитриевски, заедно со Гоце Чакаровски, претседател на Комисијата за здравство на СДСМ, беа помеѓу граѓаните на Вевчани.
 
За нас струјата е луксуз, во јануари немавме струја со месеци, рече еден од граѓаните на средбата Димитриевски.
 
Поради криминалните политики на Груевски тука во Вевчани немате струја ама во Скопје има споменици за коишто се потрошија 630 милиони евра. Македонија мора да се ослободи од криминалот и корупцијата за да се врати на вистискиот пат. Кога СДСМ ќе ја превземе одговорноста да ја води државата, по победата на следните фер и демократски избори, ќе ги промени приоритетите. Парите ќе ги насочиме кон решавање на проблемите на граѓаните. СДСМ ќе ја врати ефтината тарифа на струјата и ќе го зголеми домашното производство на електрична енергија, нагласи Димитриевски.
 
На средбите се разговараше и за актуелната политичка ситуација во државата.
 
Димитриевски рече дека во Македонија нема услови за фер и демократски избори на 24-ти април што е јасно потврдено и од меѓународната заедница, од ЕУ и САД. Без прочистен Избирачкиот список и без реформи за слободни медиуми нема услови за регуларни, кредибилни избори. Дури и Европарламентот денеска упати јасна порака со тоа што го одложи гласањето за Резолузцијата за Македонија. Во Македонија мора да има слободни, фер и демократски избори, потврдени од меѓународната заедница. Демократските промени ќе се случат на слободни избори, рече Димитриевски во Вевчани. 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски