Димитриевски: Во новиот мандат фокусот го ставаме на развој на домашното стопанство

Од:

Кандидатот за градоначалник на Куманово и лидер на движењето ЗНАМ – за наша Македонија Максим Димитриевски денеска беше во посета на неколку бизнис субјекти во Куманово што се во сопственост на домашни инвеститори. Како што самиот кажа, разговарале пред се за реалните проблеми во стопанството и какви се можностите за негов понатамошен развој.

“Наша главна цел во рамките на третиот мандат би била развој на домашното стопанство и поголем простор и за домашни, но и за странски инвестиции во градот. Развој на нови индустриски зони, по примерот на веќе потврдената зона Новина и Речици, дополнителна помош на занаетчиството во градот, како елементарна гранка за развој на стопанството бидејќи без него немаше да се развие кумановското стопанство. Понатаму, реконструкција на двата зелени пазари со барање на приватен партнер кој би ги инвестирал тие реконструкции. Предвидуваме и фонд за поддршка на млади претприемачи и стартап компании за младите, поддршка на уметниците и сите креативни луѓе во градот, како и обучување и доквалификација на нашата работна сила“, рече Димитриевски.

Бидејќи, како што нагласи, бројот на невработени во Куманово е голем, но исто така, голем дел од нив не се соодветно квалификувани за да ги реализираат секојдневните потребни работни задачи во постоечките компании кои работат на територијата на нашиот град. И, секако ќе се работи и на создавање на туристички пакети и брендирање на општина Куманово како викенд дестинација во регионот.

Во општина Куманово функционира локалниот социо-економски совет. Димитриевски иницираше формирање на ист таков само за жени претприемачи во градот бидејќи во градот има голем број на припаднички на женскиот пол кои многу успешно функционираат со семејни и домашни компании.

Секако, нагласи дека и тој како кандидат за градоначалник и кандидатите на советничката листа на ЗНАМ ќе продолжат со истата агенда што значи поддршка на економијата со конечна цел – Куманово да го стане перспективна општина за домашни и странски инвестиции , но и дополнително да го трансформираме како еден од главните економски центри на Балканот бидејќи тоа го овозможува и новата крстосница на на Коридорот 8 и Коридорот 10 која поминува точно низ градот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски

СДСМ: ЗНАМ го прослави предавството на Македонија за пари

Горан Наумовски

Движењето ЗНАМ го одбележа вториот роденден: Со освојувањето на шест пратенички мандати ЗНАМ стана фактор на стабилност кој не дозволува уцени во владеењето

Горан Наумовски

Димитриевски: Нема услови за отворање мигрантски кампови во Македонија

Горан Наумовски

СДСМ: Предавство за пари – колаборантите од ЗНАМ ќе одговараат исто како и ДПМНЕ