Димитриевски: Уште двајца починати од коронавирус во Куманово

Од:

Уште две лица од Куманово починале од коронавирус, соопшти градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски вечерва  при учеството во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, споделувајќи најнова информација од Центарот за јавно здравје.

Тој повторно упати апел да се воведат уште порестриктивни мерки во Куманово и, како што рече, да се скратат бирократските постапки и да се даде шанса да делуваат општинските структури.

Во емисијата ги сподели и искуствата во справувањето со ширењето на вирусот и карантинот што беше спроведен во тек на викендот.

Како што соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, во изминатите 24 часа се регистрирани 15 нови случаи на пациенти со коронавирус  во земјава, односно четири во Скопје, осум во Куманово и по еден во Тетово, Струга  и Штип, со што вкупниот број на дијагностицирани достигна 570.

На Инфективната клиника починаа тројца пациенти – 40-годишен жител на Кочани, без познати минати заболувања, примен на 29 март, и двајца тетовци – 69-годишен човек кој имал тумор на мозокот и 65-годишен без познати други минати заболувања.

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена