Пратеникот од СДСМ, Максим Димитриевски по исказот во обвинителството како оштетен од „крвавиот четврток“ кажа дека тоа што се случи во Собранието не треба да се сфати како личен атак врз пратениците, туку како удар врз демократијата.
Тој кажа дека тоа што се случи е недозволиво и дека поединци не може да ја земат правдата во свои раце. Според него веќе не треба да се зборува за патриоти и предавници, туку треба државата да оди напред.
– Благодарејќи на професионалците беа спасени животи и не дојде до поголем инцидент. Имаше класичен обид за убиство. Оставаме на професионалците да ја истераат правдата до крај, рече Димитриевски.