Димитриевски: По промените, заедно ќе ја градиме европска Македонија

Од:

Претседателот на комисијата за одбрана на СДСМ Максим Димитриевски придружуван од членот на Извршниот одбор Дарко Давитковски беа помеѓу граѓаните од населените места Селемли и Стојаково, општина Богданци.

На средбите се разговараше за локалните проблеми, за мерките од програмата на СДСМ и за актуелната политичка состојба.

-Хаосот којшто го создадоа Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од јасен. Видовте и самите, освен што ги краделе парите од џебот на македонскиот граѓанин, го краделе и вашето право на глас. 330.000-те спорни гласачи во избирачкиот список коишто треба да се проверат, се најдобар доказ за тоа. Никола Груевски се плаши од чист избирачки список, бидејќи на избори со чист список тој ќе изгуби, рече Димитриевски.

Граѓаните масовно го изразија своето незадоволство од владините политики.

Субвенциите кои толку многу ги спомнуваат имаат поинаква реалност. Парите се делат селективно, истото се случи и со оштетите за поплавите. Се чувствуваме како граѓани од втор ред, се пожалија жителите, соопштуваат од СДСМ.

-СДСМ ќе ги зголеми субвенциите на 160 милиони евра а ќе завршуваат кај вистинските земјоделци. Ќе направиме целосна ревизија на земјоделското земјиште и ќе ја вратиме зелената нафта. Развојот на земјоделието е од исклучителна важност за економски просперитет на Македонија, рече Димитриевски.

Прочистување на избирачкиот список и регулација на медиумите се услови за фер и демократски избори. На фер избори победува СДСМ. А по промените заедно, ќе изградиме европска, успешна и просперитетна Македонија, рече Димитриевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он