Димитриевски на средба со Меџити: Од ВРЕДИ добив поддршка за вториот круг во Куманово

Од:

Актуелниот градоначалник на Куманово и кандидадт за нов градоначалнички мандат Макисм Димитриевски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, преку својот профил на Фејсбук соопшти дека се сретнал со претставници на Коалиција ВРЕДИ од кои, како што вели, добил поддршка за вториот круг од локалните избори.

– Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и Пратеникот Даниел Стојчевски. Во топлиот и искрен разговор од претставниците на Коалициониот партнер Влен добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Куманово, поддршка која ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град, која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во остварување на проекти во интерес на сите граѓани на Куманово, напиша Димитриевски.

Се заблагодари на сите кои, како што посочува, ја препознаваат и поддржуваат визијата за иднината на Куманово и Македонија.

-Заедно ќе продолжиме да го градиме нашиот град и да работиме во интерес на наши Кумановчани, напиша Димитриевски.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ го усвои Акцискиот план за 2026 – започнува кампања под слоганот „Европски реформи, европски институции, европска Македонија“

Бендевска: Црвениот аларм е вклучен – потребни се итни мерки против семејното насилство

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ЗНАМ: Груби е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста

Димитриевски: Невиден преседан е одлуката за куќниот притвор на поранешниот вицепремиер Груби

Горан Наумовски