Димитриевски: Македонските граѓани заслужуваат убав живот и подобра иднина

Од:

Денес мора да победи Република Македонија, а потоа и нејзините граѓани, бидејќи заслужуваат убав живот и поубава иднина. 30 септември е еден од позначајните датуми, 2018 треба да биде запаметена како година на историска одлука, која граѓаните на Македонија треба да ја донесат денеска, изјави градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски по гласањето.

Тој апелираше до граѓаните да има мирен референдум на кој граѓаните ќе можат да се произнесат и ги повика самите да донесат одлука.

Тој посочи дека круцијалните одлуки ги носат македонските граѓани и се заблагодари на медиумите кои објективно и непристрасно го следеа референдумскиот процес.

– Кумановци знаеле да донесат големи одлуки и тоа ќе го сторат и денеска, додаде Димитриевски.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО