Димитриевски: Ќе заврши циркусот Иванов-Груевски, доаѓа време на отчетност

Од:

Пратеникот Максим Димитриевски, посочува дека токму во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ состојабата во одбраната е доведена на дното. Тој објави и фотографии за условите во кои работат и живеат припадниците на АРМ.

Еве го ставот на Димитриевски:

Се повикувате на АРМ, токму во вашите мандати ја доведовте одбраната на дното.

Оваа се само дел од реалните услови со кои се соочуваат припадниците на нашата одбрана.

Набрзо ќе заврши и овој политички циркус г-дин Иванов – Груевски, на клептократскава власт и се гледа крајот, доаѓа време на отчетност и одговорност.

Платформата е основ и алиби за амнестија и купување време за трансфер на нечесно стекнатиот капитал.

Колку и да блокирате и одолговлекувате промените се неизбежни.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело