Димитриевски ќе побара од Владата воведување полициски час во Куманово од 18 до 06 часот

Од:

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски на денешната прес-конференција изрази сочуство до семејството на починатата кумановка, прв смртен случај од коронавирусот во земјава и информираше за нови препораки што ги донел Општинскиот кризен штаб во Куманово, меѓу нив најави дека ќе побара од Владата во градот да се воведе полициски час од 18 до 06 часот.

– Куманово има три потврдени случаи, кои се позитивни на тестот за Ковид -19. За жал еден со смртни последици, согласно информациите што ги добивме од Централниот кризен штаб. Сакам да искажам длабоко сочуство до семејството на починатата сограѓанка и да посакам успешно лекување на членот на нивното семејство, како и на сограѓанката која исто така е инфицирана од коронавирусот, рече кумановскиот градоначалник.

Тој порача дека кумановци отсекогаш знаеле да се справат со големи проблеми и додаде оти овој пат заедно ќе го надминеме и овој проблем.

Димитриевски повика да се почитуваат препораките на Владата, на надлежните. Јавното претпријатие „Пазаришта“ ќе ги затвори деловите каде се продава текстил и други производи, а ќе останат само пазарите за зеленчук и овошје. Вработените ќе помогнат при вршење дезинфекција, исто како и вработените од „Паркинг“, а паркирање од утре нема да биде услуга. И вработените од „Водовод“ кои досега не се вклучени ќе се вклучуваат во дезинфекција на градот. „Чистота и Зеленило“ ќе ги зајакне капацитетите.

– Бараме од Владата да воведе посебен режим за Општина Куманово, да се зголеми тајмингот на полицискиот час, од 18 до 06 часот. Да се постават контролни пунктови на територија на град и да имаме контролиран влез и излез и на пунктовите ќе се врши дополнителна деизнфекција. Од Центраниот државен штаб бараме постојана координација и навремено споделување на сите информации во однос на сите настанти состојби на територија на Општина Куманово, како би можеле дополнително како општински штаб да координираме со активностите, рече Димитриевски.

Тој рече дека клучот е во секој од нас, а херои се оние кои го почитуваат редот и дисциплината. Ги повика кумановци да не примаат посети. Ако некој забалежи дека член од семејството покажува одредени симпотими да се повикаат лекари. Ако не се почитуваат препораките тогаш, ќе се прошири вирусот. Општината ќе воведе и дежурен телефон на кој граѓаните ќе можат да пријават за постоење на евентуална инфекција на коронавирус. Потоа Општина Куманово ќе координира со здравствените установи. Ги повика граѓаните да покажат разбирање.

Што се однесува до вработените во чевларството каде работат голем број работници, Димитриевски повика да се почитуваат мерките за работа, а Владата ќе обезбеди пакет мерки за стопанството.

– Мојот и приоритет на сите нас е здравје на граѓаните, рече Димитриевски. Уште еднаш повика кумановци да не ги посетуваат блиските околни излетнички места. Најави дека ќе продолжи деизнфекцијата, која досега е извршена на 70 проценти од територијата на Општината.

Општинскиот кризен штаб повика Центарот за јавно здравје – Куманово да доставува редовни информации за состојбата со тестирани лица на COVID 19 од Општина Куманово и извештај на дневна основа на лица кои се ставени во самоизолација. Црвениот крст – Куманово и Општина Куманово понатаму активно да продолжат во асистирање на болни и изнемоштени лица. Сите локални ресурси да бидат ставени на располагање за превенција и спречување на ширење на вирусот.

Општина Куманово ќе побара до СВР Куманово да достави листа на лица кои се во домашна изолација, за може да изврши превентивна легална дезинфекција на реоните во градот каде што живеат овие лица.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски