Димитриевски до кумановци: Не фрлајте ѓубре насекаде, не можеме да постигнеме да исчистиме

Од:

Општина Куманово денеска се приклучи во еколошката акција ГЕНЕРАЛКА викенд во рамките на проектот „Зелена сончева“, под мотото – „За чисто како
дома исто“. Во оваа акција, исто така се приклучија и Секторот за комунални работи, инфрастуктура и сообраќај и заштита на животната средина и
природата, ЈП „Чистота и зеленило“- Куманово, припадници на АРМ како и НВО “Кумановски акцијаши”.

Градоначалникот Максим Димитриевски во изјава за медиумите изрази задоволство од одзивот на граѓани кои се приклучија во еколошката акција.

„Мило ми е што постои колективна свест за овој проблем којшто го имаме во градот. За жал, имаме над 70 вакви локации на територија на нашата
општина, дури во секое поголемо или помало село, урбаните и рурални делови на градот се создаваат диви депонии. Оваа локација којашто денеска
ја чистиме заедно со сите активисти, со помош на Армијата , невладиниот сектор, ЈП „Чистота и зеленило“ и сите останати волонтери е чистена досега
пет пати во рамки на мојот мандат. Апелирам до граѓаните и ги молам да не го исфрлаат отпадот непрописно. Имаме јавно претпријатие, доколку има
потреба ќе се јават таму и во секој момент можеме да доставиме голем контејнер за габаритен отпад, за градежен шут. Дополнително повикувам да
се придржуваат до законот за комунална хигиена и чистота бидејќи на овој начин се уништуваме самите себеси“, потенцираше Димитриевски.

Тој најави дека денешната акција нема да биде последна.

„Ова нема да биде последна акција. Ова е една иницијална каписла, што сакаме во текот на годината да се обидеме максимално да го расчистиме, но и
озелениме градот. Работиме со скромни средства, имаме предвидено во рамки на годишната програма за работа ставка за расчистување на дивите депонии и дополнително ставка за чистење на речното корито. Ќе чекаме водостојот на речното корито да се намали за да може да влезат градежните машини и оперативата да бидат исчистени. Дополнително, додека чистиме на оваа локација на градскиот кеј, ќе се чисти дивата депонија кај маркетот Туш
и дополнително и локацијата на регионалниот пат кај поранешниот ресторан “Лапунте”, иако не е под надлежност на општината. Бидејќи јавното
претпријатие за државни патишта не ги одржува регионалните патишта соодветно, ќе мораме да интервенираме и таму. Но, пак ќе повторам, никогаш
не можеме да исчистиме толку колку што самите можеме да уништиме и загадиме. Токму затоа, апелирам до сите да не го изнесуваат и депонираат
комуналниот отпад на диви депонии, туку да се придржуваат до законот“, рече Димитриевски.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра