Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Од:

Земјиштето за кое што ме обвинуваат е сопственост на моето семејство, кое е наследство од моите предци со турска тапија и согласно Уставот неприкосновено право, изјави денеска градоначалникот на Општина Куманово и лидер на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски.

Актуелниот ДУП, Димитриевски вели е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник на Општина Куманово, Зоран Дамјановски. Тогашната парцела, пак, како што појасни Димитриевски, изнесувала 18.000 метри квадратни, а државата по пат на денационализација на членовите од неговото семејство им вратила само 1.200 метри квадратни земјиште, додека 4.800 метри квадратни им ги обештетила со обврзници од по 800 денари по метар квадратен.

– Тогашната парцела изнесувала 18.000 метри квадратни, а државата по пат на денационализација на членовите од семејството им вратила само 1.200 метри квадратни земјиште, додека 4.800 метри квадратни им ги обештетила со обврзници од по 800 денари по метар квадратен, што значи дека во самиот старт истите изгубиле 12.000 метри квадратни сопственост. Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски, токму истиот од тие кои што денеска обвинуваат. Со рок на траење од 2007 до 2012 година, со новиот ДУП постоечката парцела и габарити не се менуваат, рече Димитриевски.

Предметното земјиште за кое вчера беше обвинет од страна на социјалдемократите, изнесувало околу 2,8 отсто од вкупната површина на градежно земјиште, посочи Димитриевски, нагласувајќи дека инвеститорот Лидл Македонија согласно новиот Закон за просторно и урбанистичко планирање на 27 февруари минатата година покренува иницијатива за усогласување на номенклатурата, односно намената.

– Инвеститорот Лидл Македонија прави преддоговор за откуп на имотот од таа парцела во ДУП-от на 23.2.2024 и договор за купо-продажба на земјиште на 26.1.2024 година. Врз база на тој преддоговор, инвеститорот на 27.2.2024 година покренува иницијатива за усогласување на номенклатурата, т.е. намената или компатибилни содржини до 40 отсто, согласно новиот Закон за просторно и урбанистичко планирање на постоечкиот ДУП. Согласно новиот Закон, којшто токму тој Закон во 2020 година го донеле токму тие. Советот на Општина Куманово, не донесе одлука за усвојување на ДУП, туку донесе одлука за одпочнување на постапка или усвојување на нацрт детален урбанистички план, рече Димитриевски.

Според него, СДСМ не е веќе партија, туку „остаток на мафија на која секојдневно им се тресе фотелјата“. Димитриевски испрати порака до социјалдемократите дека времето на Заев, Спасовски и Филипче е завршено и ги повика надлежните институции да го испитаат предметот за кој вчера беше обвинет од опозициската СДСМ.

– СДСМ веќе не е партија, тоа е остаток на мафија на која им се тресе фотелјата секојдневно. Денеска сакам да им порачам, колку повеќе лажете, толку посилен ќе биде одговорот од наша страна. Времето на Заев, Спасовски и Филипче е завршено. Доаѓа време на одговорност за сите што ја злоупотребија државата. Што се однесува до ДУИ, ставот на ЗНАМ е конзистентен. Нема соработка со нереформирана ДУИ. Зошто ДУИ гласал обратете се кај нив и прашајте ги … Ги повикувам сите надлежни институции од овој момент да го испитаат овој предмет, да постапат „eks officio“ и да го истераат до крај, да ја испитаат целата фактичка состојба и доколку се утврди било каква кривична одговорност на било кој што е заседнат или поврзан со случајов да следат и консеквенци и последици, рече Димитриевски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

Левица: Максим со поддршка од ДУИ му намести бонбона ДУП на својот кум

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение

(ВИДЕО) Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе

А1он