Димитриева: Во Демир Капија ќе инвестираме со проекти во патната инфраструктура и отворање дневни центри за стари лица

Од:

На вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Демир Капија, канидатката за градоначалник Наталија Димитриева истакна дека нејзината основна цел на овие избори е создавање услови за поквалитетно секојдневие на сите граѓани за Демир Капија да почне да се развива како модерен и достоинствен град.

„Главен фокус ќе биде образованието и младите, ќе се работи на заштита на животната средина, дигитализацијата ќе биде основен инструмент за модерна општина, ќе се поттикнуваат спортот и културата, во социјалната сфера, општината ќе отвори домови и дневни центри за стари лица, дневни центри за лица со попреченост, програми за ментално здравје и советувалишта. Но знаеме и нешто друго. Дека вистинските промени доаѓаат со вистинските луѓе. Со вистински избори, со луѓе што знаат дека не можат се, но се подготвени да почнат и да истраат“, вели Димитриева.

Димитриева истакна дека во програмата се планирани многу проекти, како инвестиции во патната инфраструктурата, уредување на паркови и зелени површини така и вложување во образованието и младите, во социјалната сфера со отворање на домови и дневни центри за стари лица.

„Во програмата ветуваме и се обврзуваме на: изградба на систем за наводнување, надградба на водовод во Демир Капија, во с. Бистренци, реконструкција на улици во населените места, подобрување на комуналната инфраструктура, уредување на паркови и зелени површини, поддршка на приватни инвестиции во земјоделството, урбанистички планови и партерно уредување на селата, покривање на Градски пазар, изградба на паркинг зони, отворање на амбуланта во руралните средини, изградба на спортско игралиште“, рече Димитриева и додаде:

Со заокружување на бројот 9, вие избирате тим кој ќе донесе развој, просперитет и сигурност. Почитувани мои сограѓани да го направиме вистинскиот избор, за твоето место и твојата иднина.

Би можело да ве интересира

Прево: Белгија е цврст и сигурен сојузник на патот за пристап на Македонија во ЕУ

Приведен возач без дозвола и двајца малолетни сопатници, во возилото пронајден пит бул повреден во борба со кучиња

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Опожарени три возила кај Бит Пазар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Претрес во Делчево, пронајдена дрога и огревно дрво без документација, лишено од слобода едно лице