Димитриев: Усвоените амандмани на СДСМ од Законодавно правната комисија ја менуваат суштината на Измените на законот за следење на комуникациите

Од:

„СДСМ по кој знае кој пат повторно го покажа своето лицемерие и крајно неодговорен однос, особено кога се работи за суштински области од фукционирањето на државата. После долги работни средби помеѓу пратеници од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, се постигна консензус и се креираа измени на Законот за следење комуникациите, измени со кои дефинитивно ќе се деблокираше парламентарниот надзор над службите, кои ја користат посебната истражна мерка следење на комуникациите.

Една година СДСМ и раководството на Собранието, на Комисијата за надзор над мерките за следење на комуникациите не и даваше дозвола да отпочне постапка за избор на технички експерти, кои ќе бидат поддршка во работењето на комисијата. Откако видоа дека се прочитани и не се брани ваквата нивна позиција во јавноста, дозволија комисијата да отпочне постапка за ангажман на експерти. Комисијата преку транспаретна постапка, иако од неа Законот тоа не го бараше експлицитно, со едногласна одлука избра експерт магистер по комјутерска форензика, едуциран надвор од Република Македонија, компетентен за предизвикот за кој го ангажира комисијата“, рече Емил Димитриев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

„Откако СДСМ не можеше да најде забелешка на постапката и изборот, се одлучија да го блокират формалното потпишување на договор за ангажман на експертот, кој од друга страна е неопходен за регулирање на односите помеѓу Собранието и експертот.

За целиот период на блокадата на оваа законска обврска, изговорите од страна на мнозинството беа разно разни т.е на нивната негативна креативност и немаше крај. Повторно се преговараше долго и решението за деблокада на надзорот беше најдено во измени на Законот за следење на комуникации, кој во собраниска процедура беше предложен од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ.

Измените на законот во прво читање на пленарна седница беа изгласани со двотретинска поддршка без ниту еден глас против, истата подршка Законот ја доби и на Комисијата за одбрана. Потоа законот се блокира во неговата постапка за негово донесувње, за да сега во меѓувреме се деблокира носењето на законот, СДСМ и мнозинството повторно ја активираат нивната веќе позната лукративна “стратегија” да поднесуваат амандмани на закони кои тие самите ги имаат предложено.

Усвоените амандмани на СДСМ од страна на Законодавно правната комисија, во целост ја менуваат суштината на Измените на законот за следење на комуникациите, кој беше усогласен и заеднички предложен и изгласан во првото читање.

Ова е втор пат за закони од областа на безбедноста кои се двотретински после напорни усогласувња со опозицијата и креирање заеднички предлог, во собраниска процедура преку силата на мнозинството да ги погазат веќе усогласените решенија. Повторно изговорите се разно разни, погрешно се интерпретираат мислења од странски експерти итн.

Во триесет годишната македонска парламентарна историја не се памети еднострано да се поднесуваат амандмани на усогласени двотретински закони. Првиот пат јавноста беше сведок при носењто на Законот за Агенцијата за национална безбедност кој беше усогласен со опозицијата, но доживеа доста неусогласени амандмани, сега се случува истата лукративност со измените на Законот за следење на комуникациите.

Ова само го покажува вистинското лице на СДСМ, колку им држи зборот, колкав е нивниот демократски капацитет за усогласување на стратешките работи кои законодавецот не случајно ги нормирал да бидат двотретински. Ваквиот однос на СДСМ најавува дека тие имат постојана двотретинска подршка за се и сешто, што ако се случи, јавноста ќе биде сведок.

Евидентен е и стравот од квалитетен надзор над службите во контекст на секојдневните скандали кои го пратат нивното работење. Кога им беше потребно мислењето на Прибе не го вадеа од уста сега бегаат од истото и воопшто не го коментираат. За жал, наместо да се зајакнува надзорот над службите со нови законски решенија, со кои надзорот ќе има суштина, а не како досега да се гледаат само анонимизирани наредби без никаква експертска подршка, СДСМ одлучи да го блокира и овој начин на надзор над службите, кој е нормиран во постојните законски решенија“, изјави Емил Димитриев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски