Димитриев: Покренување одговорност за униформираните лица во Слупчане

Од:

Заменикот министер за одбрана. Емил Димитриев информира дека за положувањето цвеќе на споменикот на ОНА во Слупчане има повеќе основи за поведување дисциплинска одговорност, а првите чекори веќе биле преземени.

Тој во изјава за МИА – кажа дека нарушувањето на работната дисциплина во која било институција не е дозволено и е казниво.

„Дисциплинскиот престап во Армијата не само што не е дозволен туку претставува кршење на едно од основните начела на функционирање на оваа институција. Од тука очекувано, оправдано и основано е поведувањето на дисциплинска одговорност за униформираните лица на АРМ без разлика на чинот и должноста што ја имаат. Член 2 од Законот за служба во Армијата многу прецизно дефинира што претставува вршење служба во Армијата и буквално ги вбројува сите униформирани лица без разлика каде се вработени, во Министерството или Армијата, значи никој не е изземен од одговорност што носи униформа“, рече тој.

Вчера и претседателот Ѓорге Иванов изјави дека дал налог да се спроведе истрага и дека Генералштабот од истрагата што ја имал констатирал дека Армијата нема никаков удел во настанот во Слупчане. Тој рече дека лица од кабинетот на министерот ја злоуптребиле армиската униформа и најави дека генералштабот ќе преземе мерки против нив.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски