Со оглед на тоа што предизборната кампања помина во одлична атмосфера, без никакви нарушувања на она што се вика кодекс на однесување во предизборието, очекувам и денешниот ден – денот на гласањето да помине во убава атмосфера, бидејќи за Република Македонија ова е празник, изјави премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев по гласањето во Пробиштип.
– Очекувам дека по пребројувањето на гласовите политичките субјекти ќе ги прифатат резултатите бидејќи тоа е волјата на граѓаните и од тоа нема бегање. На еден начин, со ова отвораме нова страница во нашата историја со влегување во помирни води, со формирање политичка влада, оставање на кризата зад нас и концентрирање на реализација на изборната програма на онаа партија што ќе ја добие довербата од народот, рече Димитриев.