(ВИДЕО) Димитриев: Не можеме да имаме контрола на тоа кој плаќа, СЈО сака да го урне ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Техничкиот премиер и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев обвини дека СДСМ преку СЈО сака да ја урне партијата ВМРО-ДПМНЕ и дека тие ќе се спротивстават на неправдата.

Според него, не било фер СДСМ да има свои простории наследени од поранешната комунистичка партија, а ВМРО-ДПМНЕ да нема простори за функционирање.

-Централниот штаб е изграден по постапка, секој можел да се јави за изградба на објект кој е дозволен согласно ДУП. ВМРО-ДПМНЕ нема добиено донација како што објави СЈО. Членовите на ВМРО-ДПМНЕ имаат јасно закноско право за уплата на сметка на партијата. Не сме во можност да имаме контрола на тоа кој уплаќа, но сме благодарни на секоја уплата. Тие уплати сме ги користеле за партиски потреби. Уплатите на партиската сметка во 2014 година биле реализирани во период од 202 дена, односно во текот на цела година, на име чланарини и донации. Членовите не смеат да се чувствуваат навредени, ова е обид да наметнат чувство на вина. Членови на ВМРО-ДПМНЕ, вие сте луѓе домаќини. Ова е безобразен обид да биде скршена Македонија, правдата ќе победи, рече Димитриев.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?