Димитриев, Канческа, Попоски и Тодоров, поднесете оставки од една функција!

Од:

Цел месец Емил Димитриев, Никола Тодоров, Никола Попоски, Елизабета Канческа Милевска го кршат Уставот, Законот за Влада и Изборниот законик.

Во член 8 од Изборниот законик јасно е пропишано: Функцијата пратеник е неспојлива со функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и со други носители на функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија и Владата на Република Македонија.

Законот е јасен, но бидејќи кај нас некој е над Законите и Уставот, веќе месец дена, Димитриев си е и избран пратеник со верификуван мандат, но и си ја обавува функцијата премиер, иако уште при договарањето во Пржино беше зацртано тој да е премиер за спроведување на изборите.

Изборите поминаа, но Димитриев не го напушта кабинетот.

И Тодоров, Канческа Милевска и Попоски дадоа заклетва за пратеници, но кршејќи ги Законите се уште ја обавуваат министерската функција.

Па тројцата потпишуваат, делат пари и се промовираат со нови опреми.

Оливер Спасовски и Фросина Ременски ги напуштија кабинетите, Санта Аргирова МТВ, Зоран Заев градоначалничката функција, Зијади Села не е повеќе градоначалник на Струга, но Емил Димитриев се уште ја чува премиерската фотелја.

Експертите реагираат дека ова правно е неиздржано, но никој не ги слуша.

Па така, може да се доведеме во небулозна ситуација, доколку за овие седум дена Груевски и Ахмети договорат владин кабинет, сами за себе во функција пратеник Емил Димитриев, Никола Тодоров, Никола Попоски, Елизабета Канческа Милевска да си гласаат како за министри.

Нејасно е од кој орган и за која функција за овој месец тие ќе добијат плата? Од Собранието, од Владата или од пооделните министерства? Или можеби и од двете места, бидејќи луѓето биле „вредни“ и извршувале двојни функции?

Би можело да ве интересира

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски