Димитриев до Рама: И без вашето мешање ќе изнајдеме решенија

Од:

Македонскиот премиер Емил Димитриев денеска му напиша писмо на албанскиот премиер Еди Рама во кое наведува дека постојаното мешање во внатрешните работи на Република Македонија прави голема штета на добрососедските односи и е спротивно на европските вредности.

– Верувајте, тоа не помага никому. Не и помага на Албанија чии граѓани очекуваат од Вас да се зафатите со слабостите во владеењето и економијата. Не и помага на ЕУ зашто и ним им е јасно дека барате само изговор за кавги надвор за да не се говори за она што сте или не сте го сториле дома. Не и помага ниту на Македонија чии граѓани сакаат суверена и независна земја во сегашните граници. Тие граѓани ја плаќаат цената за Вашите наводни амбиции да ја редефинирате Македонија, наместо да ја реформирате Албанија во постојните граници. Не помага ни на партиите во Македонија кон кои се однесувате покровителски и несоодветно потценувачки, посочува Димитриев.

Убеден сум, продолжува тој, дека и без Вашето мешање ќе изнајдеме решенија за нашите предизвици и конечно, многу е некоректно да потпалувате националистички оган.

– Албанскиот јазик е нашироко застапен во Македонија. Албанскиот јазик, како и турскиот, српскиот, влашкиот, босанскиот и ромскиот, заедно со македонскиот јазик е дел од културата и богатството на Македонија. Ангажираме големи ресурси за промоција на јазикот и културата на нашите заедници. Добро ќе биде да не следите во тој правец. Во Албанија, не толку одамна, морало да се затвораат прозорците ако по дома се говорел мајчиниот јазик, за да не слушне некој. Ние тоа искуство сме го немале никогаш, посочува македонскиот премиер.

Македонските граѓани, без разлика на нивната етничка и верска припадност, потенцира Димитриев, сами пребродиле многу кризи во историјата, ќе ја надминат и оваа.

– Наша заедничка цел е и понатаму да продолжиме со градењето силно граѓанско општество кое ќе биде дел од евроатлантското семејство, наведува во писмото премиерот на Република Македонија Емил Димитриев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски