Димитриев-Чеку:Одлична соработка меѓу двете земји во одбраната и безбедноста

Од:

Заменик-министерот за одбрана на Република Македонија, Емил Димитриев, денеска во рамки на еднодневната посета на Косово оствари средба со министерот на Косовските безбедносни сили, Агим Чеку на која се разговарало за одличната соработка помеѓу двете земји во областа на одбраната и безбедноста, со посебен акцент на соработката во воената едукација и образование.

На средбата, соопшти МО, било заклучено дека регионалната соработка која е од особена важност за потврдување на евроатлантската иднина на регионот во целина, е лесно препознатлива, особено кога станува збор за соработката помеѓу Косово и Република Македонија.

Во контекст на тоа, акцентот бил ставен на школувањето на питомците од Косовските безбедносни сили – припадници на етничките заедници во Косово, на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, школување кое се реализира во моментов и кое со несмалено темпо ќе продолжи и во иднина.

Од косовска страна била изразена подготвеност за соработка во контекст на понудата до Република Македонија за користење на капацитетите на Центарот за барање и спасување на Косово кој е во самиот крај на своето формирање, а е финансиран од страна на Соединетите Американски Држави.

Во текот на посетата, заменик-министерот Димитриев, заедно со заменикот на началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Насер Сејдини и деканот на Воената академија, полковникот Росе Смилевски, оствари средба со заменикот-министер за Косовските безбедносни сили, Славиша Филиповиќ и со началникот на Косовските безбедносни сили, генерал-мајор Кадри Кастрати.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација