Димитриеска: Советот на јавни обвинители го нема добиено произнесувањето на Љупчо Коцевски

Од:

До Советот на јавни обвинители се уште не е пристигнато произнесување на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски во однос на предлогот на Владата за негово разрешување што е препратен до него, информира претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска.

Димитриеска, денеска во изјава за медиумите, посочи дека Советот има рок од 15 дена да се произнесе по предлогот на Владата за разрешување на Републичкиот јавен обвинител.

– Веднаш, штом ќе го добиеме одговорот од јавниот обвинител, неговото произнесување, ќе постапиме кон одлучување, изјави Димитриеска.

Мислењето Советот потоа го доставува до Владата.

Владата на седница на 25 февруари годинава го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата, го изготви Предлог-мислењето за разрешување на државниот јавен обвинител. Коцевски, како што велат од Министерството за правда, постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе.

Републичкиот обвинител Коцевски го демантира тврдењето дека незаконски постапил посочувајќи дека го следел законот и роковите во него. Тој изјави дека ќе се произнесе по предлогот за негово разрешување откако Владата ќе го достави до Советот на јавни обвинители. Во однос на барањето на премиерот Христијан Мицкоски да ја напушти функцијата, Коцевски рече дека ќе одговори откако ќе ги види основите предвидени во Законот за јавно обвинителство. Доколку се утврди дека навистина има тешка дисциплинска повреда, тој рече дека сам ќе се повлече од функцијата.

Мандатот на фржавниот јавен обвинител трае шест години. Коцевски на функцијата стапи во февруари минатата година.

Би можело да ве интересира

Димитриеска: Со вчерашниот оглас на Судски совет не се почитуваат проекциите за 8-та генерации на Академијата за судии и јавни обвинители

Коцевски: Во предлогот за разрешување нема основ за утврдување тешка дисциплинска повреда

Предлогот за разрешување од Владата стигна до Коцевски

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски и судиите клиентелисти на СДС се заштитници на криминалот, кој гарантира дека Филип Андов Сокол нема да избега

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Коцевски ја уништи довербата на граѓаните во правдата, мора веднаш да биде разрешен

Горан Наумовски

Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски

А1он