Димитриеска Кочоска: Во недостаток на понуда, Пендаровски шири лаги, го демантирам и тврдам дека сметката на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била блокирана

Од:

Стево Пендаровски во оваа кампања ништо не кажа за ДУИ, Ахмети и артаноидниот режим кој го создадоа и го потхрануваат. Во замена за понуда, нудат лаги како оваа па така, чувствувам обврска да демантирам дека сметката на ВМРО-ДПМНЕ е блокирана вели потпреседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска.

– Сметката на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била блокирана од СЈО, ниту пак сега е блокирана како што тврди тој. ВМРО-ДПМНЕ со новата гарнитура политичари има позитивни ревизорски извештаи за избори, особено за изборите во 2020 година кога ниту една друга политичка партија немаше. Му препорачувам на Стево Пендаровски да си го погледне финансискиот извештај за кампањата во 2024 година каде како донации нема пријавено ништо и веднаш да одговори како ја финансира својата кампања. На крај, колку повеќе лажат, толку подебело ќе загубат. Го советувам Стево да излезе од скутот на ДУИ и да се извини за оваа лага, напиша Димитреска Кочоска на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Претседателската дебата на МТВ ги скара кандидатите на социјалните мрежи

А1он

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

Пендаровски со честитка по повод 1 мај: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава

А1он

Пендаровски: Нам не ни треба враќање назад во историјата, нам ни требаат можности за младите да останат дома

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме, за бојкот тие нека му ја мислат

Предраг Петровиќ

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари