Димитриеска-Кочоска: Исплатена првата транша од 10,4 милиони евра за поддршка на домашните компании од унгарскиот заем

Од:

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Развојната банка ја префрлило првата транша од 10,4 милиони евра, средства наменети за поддршка на домашните компании од унгарскиот заем.

Како што соопштија денеска од Министерството за финансии, трансферот бил реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки.

Во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност.

– Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот фејсбук профил.

Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите остануваат приоритет

А1он

Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме допонителни 600 милиони денари за инвестиции за локален развој и реализација на општинските проекти

Димитриеска- Кочоска: Од 1 јули намалување на царинската стапка кај 67 стоки кои се користат во домашната индустрија

Димитриеска-Кочоска за Договорот со Велика Британија: Се ќе биде согласно закон и транспарентно

А1он

Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто

Димитриеска-Кочоскa: Визијата на Владата е Македонија да прерасне во модерна, европска држава со стабилна економија, унапредени јавни услуги и повисок стандард

А1он