Мицкоски: Речиси целосно искористен унгарскиот кредит за поддршка на домашните компании

Од:

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски е задоволен од искористеноста на средствата издвоени од унгарскиот кредит наменети за поддршка на домашните компании, како и од остварениот раст во делот на инвестициските активности кај домашните капацитети.

Тој денеска во изјавата дадена за медиумите во Кратово истакна дека од предвидените 250 милиони евра за таа намена досега преку развојната банка на компаниите им се префрлени некаде околу 225 милиони евра.

– Тоа е тој кредит што условно кажано го субвенционира Владата, со каматна стапка од 1,95 проценти, три години грејс-шериод и до 15 годни рок на отплата. Очекувам веќе во првиот квартал оваа година тој да биде целосно исцрпен, заедно со сопствените средства што банките ги инвестираат во развојните проекти на компаниите како поддршка на стопанството и економијата, рече Мицкоски.

Премиерот рече дека во делот на инвестициите Македонија е водечка во регионот, со двоцифрен број проценти раст.

– Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па и цела 2025 година е двоцифрен број проценти, споредено со истиот период во рамките на еврозоната тој е два, два и пол проценти, така што јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени, рече Мицкоски.

Премиерот денеска престојуваше во работна посета на Кратово, каде ја посети целосно реконструираната голема спортска сала.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ќе се жали во НАТО за Ива, а молчи за Груевски и не бара екстрадиција

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау