Димитревски му одговори на Заев: Како може раководството на партијата однапред да ја знае одлуката на Централниот одбор

Од:

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски реагираше по денешната изјава на претседателот на СДСМ Зоран Заев дека ќе биде исклучен на следната седница на Централниот одбор. Димитриевски прашува како може раководствоот на партијата однапред да ја знае одлуката на Централниот одбор.

– Вистинските социјалдемократи секогаш ја говорат вистинати и не се служат со манипулации и инсинуации. Прашувам како однапред раководството на СДСМ можело да ги предвиди одлуките на Централниот одбор пред тие да бидат донесени. Дали за ваква внатрепартиска демократија се боревме? Јас нема да дозволам во моето општествено делување демократијата да биде само формална, туку така ќе биде практикувана и во реалност. Како и да се произнесат партиските органи, јас по убедување бев, сум и ќе бидам социјалдемократ и тврдамж дека евентуалната одлука за исклучување е плод на желбите и суетите на поединци на раководството на СДСМ. Како инаку би го објасниле фактот дека стотици членови, активисти и симпатизери ја потпишаа граѓанската иницијатива за моја кандидатура. Зарем и нив ќе ги исклучат? Во едно се сложуваме со господинот Заев. Кумановчани знаат што е најдобро за нив, и сигурен сум дека на 17 октомври тоа јасно ќе го покажат поддржувајќи ја граѓанската иницијатива “За Наше Куманово” со имплементирање на реална демократија во пракса, се вели во реакцијата на Димитриевски.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Движењето ЗНАМ го одбележа вториот роденден: Со освојувањето на шест пратенички мандати ЗНАМ стана фактор на стабилност кој не дозволува уцени во владеењето

Горан Наумовски

Димитриевски: Нема услови за отворање мигрантски кампови во Македонија

Горан Наумовски

ЗНАМ: Нашиот став, но и тој на Владата е јасен, нема простор за прифаќање на мигранти во Македонија

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“