Димитар Ковачевски е избран за нов претседател на СДСМ

Од:

Димитар Ковачевски е избран за нов претседател на СДСМ на вонредните внатрепартиски избори со освоени 37 649 гласа.

За претседател на партијата покрај Ковачевски, кој е актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, се кандидираа и Фросина Ременски, поранешна пратеничка и екс-потпретседателка на СДСМ и Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекцијата на ТИРЗ.

Јован Деспотовски освои 3.319 гласа, a Фросина Ташевска Ременски 2.836 гласa. Бројот на неважечки ливчиња изнесува 602.

Вонредните внатрепартиски избори следуваа по оставката на претседателот на СДСМ и премиер во заминување Зоран Заев која беше констатирана на седницата на Централниот одбор на партијата одржана на 26 ноември. Оставката ја најави ноќта на 31 октомври, како чин на политичка одговорност по поразот на локалните избори, губејќи го и главниот град и повеќето скопски општини.

Заев не е првиот претседател на СДСМ кој поднел оставка на функцијата. Пред него, тоа го направи Бранко Црвенковски во 2004 година, повлекувајќи се среде мандат и од лидерската и од премиерската функција, за да се кандидира за претседател на државата, а четири години подоцна од лидерското место се повлече и Радмила Шекеринска, по поразот на тогаш опозициските социјалдемократи на предвремените парламентарни избори во 2008 година.

Заев првпат беше избран за лидер на СДСМ во 2013 година, на конгрес на кој имаше двајца противкандидати, а дојде на чело на партијата од позиција на градоначалник на Струмица.

Би можело да ве интересира

Во Куманово СДСМ на конвенција презентиран кандидатот за градоначалник, Мартин Костовски и советничката листа

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ ја штителе дискотеката Пулс

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Ова не е горда Македонија, луѓето едвај врзуваат крај со крај

(ВИДЕО) Кузмановски: Време е за промени, доста беше уништувањето од ВМРО-ДПМНЕ четири години

СДСМ: Се бориме за нашиот дом, со нова енергија против неспособноста и расипништвото на власта

Ливриниќ: Не ви нудам празни зборови и нови лаги, затоа што тоа го слушаме повеќе од три децении