Димитар Башевски: Студенти, вашиот глас е големо охрабрување

Од:

Писателот Димитар Башевски ги поддржа студентите и нивните барања, преку отворено писмо до медиумите.

Тој пишува:

„Сакам да им ја искажам својата поддршка на студентите на Македонија во овие моменти кога мирно а одлучно го креваат својот глас за нештата кои длабоко ги засегаат нив и ја засегаат оваа земја – најавениот Закон за екстерното, а со тоа и автономијата на Универзитетот, Уставот, правната држава, иднината.

Не се грижете, студенти, што контролираните медиуми од власта ни со еден збор не ве споменуваат. Вие сте божем туѓи, а не деца на овој народ. Тоа е само уште еден доказ за тоа со што и со кого се соочувате и доказ за тоа дека е исправен вашиот избран пат. Не се грижете што вашите професори (со почитувани исклучоци) се провинцијалци, кои вашата слободарска колона ја гледаат од зад прозорците. Не се грижете за позицијата на вашиот ректор, добро ви е позната, уште помалку грижете се за тоа што министерот за образование не излезе да разговара со вас. Самите знаете и ние сите знаеме дека власта самата по себе стана врвното добро во оваа земја.

Вашиот глас е големо охрабрување дека студентското слободарско движење не било сосема успано, дека не било сосема под контрола, и дека е способно да ги препознае своите легитимни интереси и интересите на народот и земјата.“

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар