Димитар Башевски го напушти ДПМ зашто не ги поддржало новинарите

Од:

Писателот Димитар Башевски, по повеќе од 40 години членување, го напушти Друштвото на писатели на Македонија во знак на протест, поради тоа што ДПМ не се огласило со поддршка за новинарите кои беа избркани од галеријата во Собранието во понеделникот.

Својата одлука ја соопшти вчера во писмото упатено до ДПМ.

„Би сакал, вака јавно, да ви ја соопштам мојата одлука дека го напуштам Друштвото на писателите на Македонија во кое бев член повеќе од четириесет години. Се решив на овој чекор во знак на протест што ДПМ не се огласува со ниту еден збор како поддршка на своите колеги новинари (најголемиот број од нас писателите според работната кариера сме всушност новинари) кои, спротивно не само на Уставот и законите во земјата, туку и на сите меѓународно прифатени норми кога е во прашање слободата и независноста на новинарството, со употреба на физичка сила беа исфрлени од Парламентот на Република Македонија, додека си ја извршуваа својата професионална работа.

Јас со овој чекор, вака сам, му ја изразувам мојата поддршка на Здружението на новинарите на Македонија и на македонските новинари воопшто, на оној број професионалци и слободољубиви луѓе кои бараат и имаат право да добијат одговор за насилството извршено врз нив и врз слободата на информирањето.

Што ќе беше деновиве ако не беше новинарството, ако не беа известувачите, камерманите? Како ќе знаевме дека пред Парламентот едни наспроти други се Македонците? Самите Македонци едни спроти други, доведени тука како божем некакви паравоени одреди кои треба да се пресметаат меѓу себе „во името на народот“.

Земја во која писателите би биле слуги на владејачките структури – нема иднина. Адорно го има речено она: После Аушвиц, не треба да се пишува поезија! Се разбира, тој не беше во право. Треба да се пишува и уште повеќе отколку досега. Сакам да верувам дека кога го кажал она дека по Аушвиц не треба веќе да се пишува поезија, сакал всушност силно да посочи до каде може да стигне човековата бестијалност, особено поттикнувана од крволочни идеологии“, вели во писмото писателот Димитар Башевски.

Фото: Глобус магазин

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

Првомајскиот протест ќе биде со барања упатени до новата влада

А1он

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод